Депај за возењето пијан: Ова ќе биде важна лекција за мене

by Стефан
1 минути читање

Холанѓанецот, Мемфис Депај доби условна затворска казна од четири месеци поради возење под дејство на алкохол, а сега за првпат се огласи јавно и се извини.

Случајот е од август минатата година кога Депај бил запрен со 1.01 промили алкохол во крвта.

„Би сакал да се извинам. Минатото лето во текот на одморот во Монако направив грешка и возев по неколку испиени пијачки. Требаше да земам такси. Преземам одговорност за своето однеување, ова е лекција која сигурно ќе ја научам. Во иднина ќе бидам подобар“, објави Депај.

Холандскиот фудбалер во овој момент го носи дресот на бразилски Коринтијас каде што на последните пет натпревари забележа една асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани