Депај котира високо на листата на желби кај Куман во Барселона

by
1 минути читање

Новиот шеф на
стручниот штаб во Барселона, Роналд Куман наводно посакува да го ангажира
офанзивецот на Лион, Мемфис Депај, со кого соработуваше во репрезентацијата на
Холандија.

Каталонската
радио станица „Рац1“ извести за оваа вест, додавајќи дека 26 годишниот фудбалер
кој е под договор со Лион до идното лето е преферирана опција за Куман како
засилување во офанзивниот ред од составот на Каталонците.

Куман сака пет до шест засилувања, ТРИ имиња се приоритет

Мемфис постигна
11 погодоци на последните 16 настапи за селекцијата на Холандија, а воедно се
разви во прва ѕвезда на Лион со што успеа да запише 53 погодоци на 136 настапи
за тој клуб кој сезонава стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите, каде
беше елиминиран од Баерн Минхен.

Холанѓанецот во
својата досегашна кариера имаше неуспешна епизода во однос на трансферот од ПСВ
во Манчестер јунајтед во 2015. година, за по две години да се пресели во
редовите на Олимпик Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×