Депај калкулираше со повредата за да биде подготвен за мундијалот па уште и бара беспари да ја напушти Барса

by
1 минути читање

Мемфис Депај минатото
лето беше блиску до напуштање на Камп Ноу, Барселона се сложи да му даде одврзани
раце за трансфер, Холанѓанецот беше пред преселба во Јувентус, за на крај трансферот да не се реализира и тој остане.

Но „каталонците“
не видоа многу аир од него, напаѓачот нема настап од средината на септември и дуелот
против Елче.

Откако замина на
должност со репрезентацијата на Холандија, се врати во Барселона повреден и
никако да се појави во составот.

На големо се
пишува дека Мемфис Депај калкулира, односно не брза со враќање во тимот за
максимално подготвен да биде за мундијалот во Катар.

Големи се шансите
тој повеќе да не одигра ниту една минута за Барса, последните информации велат
дека Мемфис Депај побарал беспари да замине во зимскиот преоден рок.

Со оглед на деликатната
финансиска состојба на Барселона, „каталонците“ размислуваат да му ја исполнат
желбата со цел да отворат простор во сметката за плати, и да го зголемат буџетот за засилувања во зимскиот преоден рок.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×