Денот кога Роналдо се пожали дека е роб бидејќи Манчестер јунајтед не сакаше да го продаде на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо се врати во Манчестер откако не се пријави на стартот на подготовките и
поради семејни причини ја пропушти турнејата во Тајланд и Австралија.

Се говори дека ЦР7
ги известил „ѓаволите“ дека сака да замине од Олд Трафорд ова лето, и се
очекува наскоро напаѓачот да разговара со раководството на клубот и тренерот
Ерик тен Хаг.

Исто така се
пишува дека Манестер јунајтед нема намера да го продаде Португалецот, па
останува да се види какво решение ќе се најде.

Кристијано
Роналдо и претходно беше во слична ситуација, изрази желба да го напушти
Манчестер јунајтед кога во 2008 доби понуда од Реал Мадрид.

Тогаш „ѓаволите“
не сакаа да слушнат за трансфер, па во целата ситуација дури се замеша и првиот
човек на ФИФА, Сеп Блатер кој излезе со контроверзни коментари и говореше за „современо
ропство“ во фудбалот.

Ваквите изјави не
им се допаднаа на луѓето во Манчестер, но го охрабрија Кристијано Роналдо да го
крене гласот и да изјави: „Се сложувам со она што го кажа Блатер. Тоа е точно.
Знам што сакам и што би сакал да се случи. Но ќе треба да почекаме да видиме
што навистина ќе се случи. Не знам каде ќе играм следната сезона“.

Но тогаш Сер
Алекс Фергусон не подлегна на притисокот, одби да го продаде Кристијано Роналдо
и го задража уште една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани