209
Дени Роуз не е во плановите на Мурињо, а не беше ниту во оние на Покетино во неговата последна сезона.
Тотнем го испрати Роуз во Њукасл на позајмица лани, но тие не ја користат опцијата и комплетно да го откупат 30 годишниот фудбалер.
Негова следна дестинација може да биде Италија, а во игра се два клуба, Џенова и Каљари.
Новинарот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио тврди дека Џенова почнала преговори со претставници на Роуз.
Дени Роуз има 29 настапи за англиската репрезентација, помина 13 години во Тотнем, информациите велат дека не се многу големи шансите Џенова да го убеди фудбалерот да дојде во нивниот клуб, но не се ниту невозможни.