Арсенал денеска од 13:30 часот му гостува на Фулам во првиот натпревар од Премиерлигата оваа сезона.
Голманот Емилијано Мартинез нема да биде во составот бидејќи е можно да направи трансфер во Астон Вила.
Прв чувар на голот ќе биде Бернд Лено, а во отсуство на Мартинез, големи се шансите Дени Илиев да биде резерва, такви се најавите на дел од англиските медиуми.
Други опции на Артета покрај Илиев се двајца тинејџери, Артур Оконово кој има 19 години и е младински репрезентативец на Англија, и 18 годишниот Карл Хајн.
Тука е и Мет Мејси кој е трет голман, но тој вчера попладне бранеше за тимот на Арсенал до 23 години, па веројатно не е во комбинација за дуелот со Фулам.
Со оглед на позајмиците кои ги имаше во изминатите сезони, Илиев има најголемо искуство од опциите на Артета па се очекува тој да биде на клупата за мечот со Фулам.