Денеска во ЛШ: Децата на Флик и Енрике ги напаѓаат Борусија и Астон Вила

by 24 фудбал
1 минути читање

Вечерва се играат преостанатите два натпревари од првите четвртфинални епизоди во Лигата на шампионите, а во нив децата на Луис Енрике и Ханси Флик ќе бркаат домашни победи.

ПСЖ на својот „Парк на принцови“ ќе го дочека премиерлигашот Астон Вила. Парижани важат за огромен фаворит во двомечот со англискиот ривал, меѓутоа Унаи Емери е силно мотивиран да се докаже против поранешниот клуб. Астон Вила во ниту еден случај не смее да се се потцени. Пресметката во Париз е меѓу два непоразени екипи со подолга серија. ПСЖ има шест победи во низа, додека Астон Вила има осум славја едно по друго.

Барселона ќе го дочека ланскиот вицепрвак Борусија Дортмунд. Избраниците на Ханси Флик имаат високи амбиции од сезоната, а целта е освојување на трофејот во елитното натпреварување. Каталонскиот гигант има за цел да мине понатаму и да оди до крајот. Притоа, Барса не знае за пораз од 21 декември, кога загуби во дербито на Ла Лига од Атлетико Мадрид (1-2). Оттогаш тимот на Флик има 18 победи и четири ремија.

Двата натпревари вечерва се играат во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани