Денеска во Хамбург ќе биде извршена ждрепката за Европското првенство

by
1 минути читање

Хамбург ќе биде еден од десетте градови кои од 14 јуни до 14 јули ќе ги пречека најдобрите 24 репрезентации во Европа. Тие не се рангирани според пласманот на ранг-листата, ниту врз основа на нивната историја и успесите на континенталните натпреварувања, туку само според резултатите во квалификациите каде имаше многу изненадувања. 

Носители во ждрепката се Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија.

Албанија е во вториот шешир, Хрватска и Словенија се во третиот, а Србија е во четвртиот.

Не се познати тројца учесници на Европското првенство, тоа се репрезентациите кои преку плеј-оф мечевите од Лигата на нации ќе се пласираат на континенталниот собир.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани