А денот ќе почне со Мерсисајд дербито меѓу Евертон и Ливерпул кое се игра на Гудисон парк. Тимот на Јирген Клоп ќе брка триумф против градскиот ривал, црвените го потрошија правото на кикс за овој дел од сезоната.
Денеска посебно интересно ќе биде во Серија А каде што има три меча и сите три се дерби натпревари.
Денот таму почнува од 15 часот кога Фиорентина ќе го пречека за неа најомразениот ривал, Јувентус. Душан Влаховиќ се враќа на теренот каде ја доживеа најголемата промоција.
Во 18 часот е мечот на денот, градското дерби меѓу Милан и Интер. Двете екипи оваа сезона целат кон Скудетото, тоа се и двата последни шампиони на Италија.
Денот во Италија ќе заврши на Олимпико каде Лацио ќе го пречека Наполи. Маурицио Сари ќе игра против својот поранешен клуб.
Во Шпанија дербито е на „Санчез Писхуан“ каде Севиља ќе ја пречека Барселона, тој дуел се игра од 21 часот.
Во Шкотска се игра големото дерби меѓу Селтик и Глазгов Ренџерс.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.