Се уште се
зборува за елиминацијата на Барселона во четвртфиналето од Лигата на
шампионите, откако Рома реализираше сензационална победа од 3-0, анулирајќи ја
предноста на каталонскиот гигант од 4-1 стекната од првата средба.
Се шпекулираше
дека Пике се обидел да делува кај Валверде да ја промени тактиката на мечот и
да направи одредени замени, на што шефот на стручниот штаб на Барселона
категорично го одбил, велејќи дека тој е одговорен за таа работа.
Овој пат, Осман
Дембеле беше регистриран на социјалните мрежи како лајкнува една објава на која
се критикува тренерот на Каталонците.
„Валверде направи
грешка со тоа што не играше со Дембеле, во петте минути кои ги доби како
прилика за настап беше многу поопасен од сите останати на теренот во тие 85
минути“ гласеше коментарот.