Дембеле и Барселона постигнаа согласност за нов договор кој ќе трае до јуни 2024 година.
Фудбалерот прифати значително намалување на платата, таа ќе му биде за 40 проценти помала од онаа која ја заработуваше претходно, но со бонуси поврзани со перформансите неговите примања можат да се зголемат.
Се чини дека Дембеле брзо сфати дека претходната плата во Барселона му беше нереално висока и ниту еден друг клуб не му нуди ни приближно толку, па реши да ја прифати последната понуда од Барса која долго беше на маса.
Останувањето на Дембеле беше желба и на Чави. Фудбалерот се препороди под негово водство во финишот од сезоната.
Ousmane Dembélé has just landed in Barcelona. He’s back to complete the new contract with Barça, already agreed until June 2024 #FCB
There’s full agreement still waiting for Barcelona final approval. Ousmane will reduce his salary.@victor_nahe pic.twitter.com/ZbYlkQW2EK
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 10, 2022