Осман Дембеле сака да го напушти Камп Ноу и да се пресели во ПСЖ, но напаѓачот преферира да се раздели со Барса под добри околности па побарал од „каталонците“ да отворат преговори со „светците“ и да пронајдат договор за негов трансфер.
Сепак, раководството на Барса не сака да седне на маса со колегите од ПСЖ и инсистира дека единствен начин за заминување на Осман Дембеле е активирање на откупната клаузула.
Таа изнесува 50 милиони евра но само до полноќ, а веќе од утре ќе чини 100 милиони евра.
Во меѓувреме, агентот на Осман Дембеле стапил во контакт со Ла Лига за да обезбеди повеќе информации и роковите кои треба да се запазат за активирање на откупната клаузула.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.