Делофеу: Никогаш не сум видел ваков натпревар

by
1 минути читање

Делофеу беше еден од клучните играчи на Милан за победата во Болоња. Токму по негова асистенција Пашалиќ постигна гол во 89. минута за победа од 1-0 и покрај тоа што претходно „поцрвенеа“ Палета и Куцка.

„Тоа беше неверојатна ноќ, не сум видел ваков натпревар, победа со девет против 11“ – вели Делофеу.

„Овие три бода вредат како шест. Ај да речеме дека вредат како десет!“.

„Ова се три бода од огромна важност и ние сме многу среќни“.

„Го одбранивме дресот на Милан, ова е еден историски клуб и за него секогаш мора да играме со ваква посветеност“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани