Деле Али оди во Реал Мадрид како дел од трансферот на Бејл?

by
1 минути читање

Тотнем е пред два сериозни трансфери од Реал Мадрид, на пат кон Англија се Регилон и Бејл.

Се пишува дека трансферот на Регилон е завршена работа, останува уште да бидат поминати формалностите и договорот да биде потпишан.

А во напредна фаза се и преговорите за Герет Бејл.

„Дејли Мејл“ пишува дека Тотнем на Реал Мадрид му го нуди 24-годишниот Деле Али кој важи за фудбалер со големи квалитети, но има и проблематичен карактер.

Се верува дека и Бејл и Деле Али би биле на позајмица во првата сезона со опција и комплетно да бидат откупени.

Предност на Тотнем во однос на останатите е и Жозе Мурињо кој има добар однос со Флорентино Перез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×