Деле Але ја кажа својата потресна приказна: На шест години бев сексуално злоставуван, на осум бев дилер на дрога! (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Деле Али важеше за огромен талент, но неговата кариера тргна надолу, со години веќе не е ниту бледа сенка на она кое се предвидуваше дека ќе биде. Англискиот фудбалер во интервју кај Гери Невил си ги кажа маките, на моменти и плачеше.

„На шест години бев злоставуван од пријател на мајка ми кој често беше во нашата куќа. Мојата мајка беше алкохоличарка“, открива Деле Али.

„Бев пратен во Африка да се научам на дисциплина. Потоа бев вратен назад. На седум години почнав да пишам цигари. На осум години почнав да дилам дрога, да продавам дрога. Еден постар човек ми рече дека полицијата не запира деца на велосипеди, па јас возев по соседството и препродавав дрога. На 11 години бев врзан од еден човек на мост. На 12 години ме посвоија. И оттогаш работите се променија бидејќи бев посвоен од една неверојатна фамилија, не можев да посакам подобри луѓе да го направат тоа што направија за мене. Ако Бог ги создал луѓето, тоа се тие. Тие се неверојатни и ми помогнаа многу“.

Деле Али вели дека откако се вратил од Турција, решил да замине на психолошка рехабилитација.

„Сега веројатно е вистинско време да им ја кажам мојата приказна на луѓето. Не е лесно, бев исплашен да зборувам. Кога се вратив од Турција, дознав дека треба да правам операција. Веќе бев психолошки во лоша состојба. Тогаш решив да отидам во модерна установа за рехабилитација која лечи од зависности, го третира присхилошкото здравје и траума. Почувствував дека е време тоа да го направам. Не може никој да ви рече да одите таму, туку едноставно сами треба да ја донесете таа одлука“.

„Секој ден водев борба, станував и се борев да ја добијам својата битка. На тренинг одев со насмевка, да покажам дека сум среќен. А внатре во себе ја губев битката и беше време за промени“.

Деле Али раскажува и дека бил зависник од таблети за спиење кои многу му помагале. Тој вели дека нив ги земаат и многу други фудбалери. Кажа дека помислувал да ја прекине фудбалската кариера на 24 години.

Рече и дека фудбалот му го спасил животот, му должи се на фудбалот, но не е толку лесно колку што луѓето мислат дека е. 

„Не ме сфаќајте погрешно, го сакам фудбалот, тој ми го спаси животот. Му должам се на фудбалот. Но не е лесно како што луѓето мислат. Да, имате пари и можете да си дозволите многу работи поради тоа, но психолошки не може да знаете како е ако не сте дел од него. Мислам дека луѓето никогаш не можат да сфатат што може да ви направи фудбалот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани