Дел Пјеро удри по Јувентус: Бараат нешто, не знаат што!

by Стефан
1 минути читање

Најтрофејниот клуб во Италија веќе речиси три децении чека нова европска титула, а последните пет години не успева ниту да ја врати доминацијата на домашната сцена.

Во Серија А односите на силите се целосно променети, сега на врвот се Интер, Милан и Наполи, додека Јувентус се бори барем за место во Лигата на шампионите. Денешниот состав на „бјанконерите“ е далеку од златните времиња кога дресот го носеа легенди како Дел Пјеро, Буфон, Трезеге, Недвед или Кјелини.

Дека клубот се соочува со сериозни проблеми признава и самиот Алесандро дел Пјеро, кој прецизно го опиша актуелниот хаос во редовите на торинскиот гигант.

„Јувентус бара нешто, но уште не е јасно што. Имаше многу промени, знаеме што се случуваше минатата сезона и во текот на летото. Тудор, искрено, не беше прва опција за тренер, дојде на кратко за да ја заврши сезоната што ја почна Мота. На екипата ѝ е потребен идентитет, а Јувентус во овој момент го нема“, вели Дел Пјеро.

По девет одиграни кола, Јувентус се наоѓа на седмата позиција во првенството и нема победа веќе четири натпревари, додека во Лигата на шампионите е 25-ти со само два освоени бода по првите три кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×