Спортскиот директор на Барселона, Деко имал средба со агентите на Ентони Гордон но проблем е цената на Англичанецот – Њукасл бара најмалку 85 милиони евра.
„Каталонците“ сакаат да донесат засилување за левата крилна позиција, а последното име на листата со желби е Ентони Гордон.
Неколку извори пренесуваат дека спортскиот директор Деко веќе се сретнал со агентите на Англичанецот и опипал терен за трансфер.
Ентони Гордон оставил одличен впечаток во директните дуели против „каталонците“ со својата физичка игра, агресивен пристап и постојан притисок врз одбраната.
Неговата игра без топка со висок интензитет, како и способноста да покрие повеќе позиции во нападот го прават дополнително атрактивен, но голем проблем е високата цена.
Њукасл не сака да се раздели со Ентони Гордон, а доколку мора, ќе бара најмалку 85 милиони евра за негова продажба.
Баерн Минхен исто така пројавува интерес за услугите на Ентони Гордон, се водат напредни преговори со неговите агенти, и откако двете страни ќе си подадат рака, „баварците“ ќе тропнат на вратата на Њукасл, но и нив ги плаши високата цена од 85 милиони евра.