Деклан Рајс: Очекувам непријателска атмосфера од трибините во Скопје!

by
1 минути читање

Деклан Рајс има пофалби за македонската репрезентација за која вели дека има квалитетни поединци. Фудбалерот на Арсенал утре очекува непријателска атмосфера од трибините.

„И покрај тоа што ги победивме со 7-0, Македонија има добар тим со квалитетни фудбалери. Утревечер мора да бидеме физички и психолошки подготвени. Очекувам да имаме непријателска атмосфера од трибините, но нашата цел е овие квалификации да ги завршиме со триумф. Мечевите кои се пред нас ќе ни бидат подготовка за настапот на Европското првенство во Германија“, изјави Рајс на денешната прес-конференција.

×