Дејвид Бекам ги загрижи фановите ширум Британија откако утрово се појави фотографија од болнички кревет.
Неговата сопруга Викторија ја сподели сликата на Инстаграм, на која поранешниот фудбалер е насмеан, но со завиткана рака, што укажува дека токму повредата е причината за неговата хоспитализација.
Неговата сопруга му порача: „Брзо оздрави ни, тато“, оставајќи простор за надеж дека ситуацијата не е сериозна.