Дејвид Бекам ќе стане „сер“ – легендата добива витешка титула од кралот Чарлс

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, Дејвид Бекам, ќе биде одликуван со витешка титула, објави „Скај“. Името на Бекам се најде на почесната листа на одликувани по повод роденденот на британскиот крал Чарлс, а официјалната потврда се очекува следната седмица.

Бекам уште од 2003 година е носител на Орденот на Британската империја (OBE), а новото признание доаѓа како резултат и на неговата блескава фудбалска кариера, но и поради неговиот придонес за британското општество.

Со витешката титула, Бекам ќе го добие и официјалното признание „сер“, додека неговата сопруга Викторија ќе стане „лејди Бекам“.

Легендата од Олд Трафорд во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 394 натпревари и постигна 85 гола. Потоа настапуваше за Реал Мадрид, ЛА Галакси, Милан и Пари Сен Жермен. За англиската репрезентација собра 115 настапи и постигна 17 гола.

Освен на теренот, Бекам одигра значајна улога и во доделувањето на организацијата на Олимписките игри во Лондон 2012 година, а од 2005 година е амбасадор на УНИЦЕФ. Целосната листа на одликувани ќе биде објавена наскоро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани