Дефанзивец на РБ Лајпциг ќе го пропушти првиот меч оваа сезона за да спаси живот!

by
1 минути читање

Вили Орбан настапи
на сите натпревари во Бундеслигата оваа сезона или поточно нема пропуштено ниту
една минута, но сега ризикува да го прескокне првиот меч, дефанзивецот сепак има
многу добра причина.

Унгарецот ќе
донира матични клетки во обид да помогне да се спаси живот па е под голем знак
прашалник за дуелот против Унион Берлин.

Тој оваа недела не тренираше бидејќи прима инекции како дел од подготовката за процедурата која ќе биде извршена денеска, плус
докторите го советуваат да одмара десетина дена по третманот.

„Бев изненаден
кога добив информација дека сум потенцијален донатор но не се сомневав во ниту
еден момент и сакав што е можно побрзо да донирам. Постои можност да се спаси човечки
живот со малку напор, па нема што да мислам. Искрено се надевам дека мојата
донација ќе помогне на лицето кое ќе ја добие и тоа целосно ќе оздрави“
– вели
Вили Орбан.

„Секако дека
постои шанса да го пропуштам натпреварот против Унион Берлин, но моите спортски
амбиции се во втор план во овој случај. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани