Екипата на ПСЖ слави во дерби дуелот со Монако со 4-1 во 21. коло на француската Лига 1.
Поведе домаќинот на „Паркот на принцовите“ рано преку Витиња, а Закариа стрела за израмнување (1-1). Се чекаше на нови голови до второто полувреме кога паднаа два набрзина.
Прво во 54. минута Квича Кварацкелија погоди за 2-1 во 54. минута, а три подоцна стрела и Осман Дембеле. Токму француското крило во финишот ја потврди победата со својот втор погодок.