Деби гол на Асенсио, Мбапе со два погодока покажа дека му е неопходен на ПСЖ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Трета среќа за
Луис Енрике, по двата нерешни резултати, ПСЖ во третото коло стигна до првиот
триумф во новата сезона, вечерва во Париз, „светците“ со 3-0 го совладаа Ленс.

Резултатот беше
отворен во финишот на првиот дел, Асенсио од врвот на шеснаесетникот убаво
пласираше за деби погодок и водство од 1-0.

ПСЖ ја дуплираше
предноста во 52. минута, Мбапе распали од 16 метри и донесе 2-0.

Конечниот
резултат беше постигнат во судиското надоплнување, Мбапе со доста среќа успеа по
втор пат да ја затресе мрежата на гостите за 3-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани