Тотнем потроши многу пари за засилувања во летниот преоден рок, но во првото коло беше понижен од Брентфорд од кого загуби со 3-0, а можеше да помине и полошо.
Ако по утрото се познава денот, Де Зерби ќе има многу мака оваа сезона. Неговите момци изгледаа очајно денеска.
По само 12 минути игра Луис-Потер постигна гол за водство на Брентфорд од 1-0.
Во 33. минута Џанелт реализираше за 2-0, тоа беше и резултатот по првите 45 минути.
По само четири минути игра во вториот дел Кајоде даде гол за 3-0.
Во 54. минута Игор Тијаго не реализираше пенал за уште поголема предност на Брентфорд.