Дебакл на Рома во Удине, пораз од Удинезе со 4-0! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома до денешниот меч имаше примено само еден гол и немаше ниту еден пораз, но сето тоа се промени вечерва.

Римската волчица одигра катастрофален меч и доживеа вистински дебакл, пораз од 4-0.

Работите за Рома тргнаа лошо уште на самиот старт на мечот, Карсдорп направи катастрофална грешка, сакаше со гради да додаде до Руи Патрисио, но Удоги стигна пред голманот и постигна гол за водство на Удинезе од 1-0.

Рома се обидуваше да дојде до израмнување, Дибала имаше една шанса, но тоа беше се што направија во првото полувреме.

Во вториот дел се чекаше одговор од момците на Мурињо, но наместо тоа се случи уште полоша игра.

Самарџиќ во 56. минута испрати вистинска бомба од далечина, топката отскокна пред Патрисио и заврши во неговиот гол за водство на домаќините од 2-0.

Прашањето околу победникот го реши Переира во 75. минута кога убаво ја пласираше топката за водство од 3-0.

А четвртиот гол за Удинезе беше дело на Ловриќ на осум минути пред крајот на натпреварот.

Илија Несторовски остана на клупата на овој натпревар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×