Фановите се лути на раководството на Рома за отказот на Мурињо и покрај тоа што нивна голема легенда дојде на неговото место, Даниеле Де Роси.
„Му напишав порака на Мурињо, и тој ми пиша мене кога СПАЛ ме назначи за тренер. Никој не може некогаш да ја избрише љубовта која фановите је чувствуваат за Мурињо, но ништо не ги спречува да ме сакаат и мене исто така и да продолжат да го поддржуваат тимот на стадионот“, вели Де Роси.
„Јасно е дека клубот не ме избра мене поради резултатите во СПАЛ, туку поради други работи. Ова може да биде огромна шанса за мене“.
„Морам да почнам од почеток и да разберам што не работи како што треба, но три-четири дена не се доволно за да се направи цела анализа. Имам среќа што сум фан на Рома, па веќе ги гледав сите натпревари и многу добро го знам тимот“.
„Рома не играше лошо. Играа лошо на некои натпревари, но на други беа добри. Рома имаше подеми и падови. Имам некои идеи, но не можам да ги кажам сега“.
Де Роси беше прашан дали е вистинско време да прифати понудата од Рома, а тој одговори:
„А дали беше вистинско време да ја одбијам Рома? Не можете да ја одбиете Рома“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.