Де Лихт одлучил да не се оперира, ќе игра до крајот на сезоната, не сака да го остави Јувентус на цедило

by
1 минути читање

Де Лихт влече повреда на рамото уште од ноември, за комплетно да ја санира треба да биде подложен на операција. 

Му беше предложено сега да ја изврши операцијата, но тоа ќе значеше дека нема да може да игра до крајот на сезоната.

„Тутоспорт“ пишува дека Де Лихт одбил сега да се оперира, ќе стисне заби и ќе ја доигра сезоната до крај а потоа ќе замине под нож.

Де Лихт му е неопходен на Сари во моментов. Џорџо Кјелини се уште не може да се врати како што треба од долгото отсуство поради повреда, Демирал сега почна да тренира, Даниеле Ругани не е на квалитативното ниво на кое што треба да биде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×