Де Лихт мора под нож?

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
италијанскиот првак Јувентус, Матијс де Лихт веројатно ќе биде подложен на
операциски зафат за да го реши проблемот со рамото, проблем кој го носи на себе
од ноември па наваму.

Постои
загриженост во таборот на „Старата дама“ околу проблемот на Холанѓанецот, што
беше впечатливо и во ремито против Сасуоло, а „Кориере ди Торино“ тврди дека и
самиот Де Лихт е вознемирен одреден период по тоа прашање, а можеби ќе биде
потребна и операција.

Очигледно е дека
операцијата е повеќе од потребна за еднаш и засекогаш да се реши ова прашање со
Де Лихт, а 21 годишниот дефанзивец би можел да биде вон комбинација до стартот
на идната сезона.

Клубот и самиот
фудбалер мораат да донесат конечна одлука по ова прашање, со оглед на фактот
што актуелната сезона е во самата завршница, а „Старата дама“ се уште е дел од
Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×