Де Лихт го предал Јувентус, им ја покажал ВатсАп комуникацијата на истражителите

by
1 минути читање

Во понеделникот, претседателот
Андреа Ањели и целото раководство на Јувентус си поднесоа оставки, тие повлекоа
еден ваков потег поради истрагата „Призма“.

Еден дел од
истрагата се однесува на платите од кои фудбалерите на Јувентус се откажаа кога
фудбалот сопре поради пандемијата на ковид-19.

„Старата дама“
тогаш соопшти дека фудбалерите се откажуваат од четири плати, но во пракса тие
се откажале само од една плата и потпишале приватни договори со кои им се гарантира
дека ќе си ги добијат парите за преостанатите три месеци, дури и ако го
напуштат клубот.

Како што
пренесуваат медиумите од Италија, Матајс де Лихт на истражителите им ја покажал
ВатсАп комуникацијата и пораките кои ги пишал Џорџо Кјелини. Дефанзивецот ги
известил фудбалерите дека Јувентус ќе испрати различно соопштение од она што
всушност е договорено и им порачал да не разговараат со медиумите на оваа тема.

Матајс де Лихт изминатово
лето го напушти Јувентус и се пресели во Баерн Минхен, дефанзивецот тогаш имаше
неколку изјави со кои го навлече гневот на „бјанконерите“, па последните
информации само ќе придонесат да стане уште поомразен лик во Торино.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани