Де Лаурентис со последната изјава само долеа масло на оганот дека Спалети може да си оди

by
1 минути читање

Италијанските медиуми пишуваат дека атмосферата во Наполи е тензична и покрај освоеното Скудето. Спалети не е задоволен од односот на Де Лаурентис, тренерот очекувал нов, побогат договор, а клубот автоматски му го продолжил стариот за една година активирајќи клаузула.

„Лучано е шампион и шампионите мора да најдат место за да се покажат себе си во најдоброто светло и издание. Тој тоа го најде кај нас и сѐ работеше перфектно. Да се надеваме дека во иднина ќе може да се истакне себеси на уште подобро светло. Во животот слободата е неприкосновено право и никому не може да му ги скратите крилата, ниту јас некому, ниту некој тоа мене да ми го направи. Најважната работа е да бидете благодарни кон тие што ви даваат сѐ и тие што се благодарни да земат тоа што им го давате“, рече Де Лаурентис за Спалети.

Но, проблемот не е само со Спалети. Има најава дека и дефанзивецот Ким ќе си замине, наводно тој веќе има договор со Манчестер јунајтед, се очекува да дојде јули и да биде активирана откупната клаузула од 60 милиони евра. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани