Де Лаурентис се правда: Немав симптоми на коронавирус, ако знаев дека имам ковид-19…

by
1 минути читање

Де Лаурентис многу неодговорно постапи, иако бил тестиран за ковид-19 и ги чекал резултатите, тој присуствуваше на состанокот на клубовите од Серија А.

Утрината после состанокот ги добил резултатите а тие покажале дека има коронавирус.

Во медиумите се пишуваше дека тој имал симптоми извесно време и затоа го направил тестот. Но тој негира.

„Доколку мислев дека би можел да имам ковид, не би отпатувал на состанокот. Немав никакви симптоми“, вели Де Лаурентис.

Но и покрај овие негови тврдења, тој не може целосно да го испере гревот, бидејќи додека не се добијат резултатите на потенцијално заразените лица од ковид, тие треба да бидат во карантин.

Сите кои биле на состанокот на Серија А, во наредните денови ќе бидат тестирана и ќе бидат во самоизолација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×