Мертенс е најдобриот стрелец на Наполи на сите времиња, постигна 148 голови во 397 натпревари, во клубот е од 2013 година.
Неговиот договор со Наполи истече на 30 јуни, преговорите за продолжување на соработката се уште траат.
Де Лаурентис со фанови на Наполи на улица зборуваше за иднината на Мертенс.
„Му понудив прво 1,8 милиони евра, потоа покачив за 200.000 евра, па потоа на 2,4 милиони евра, тој го одби и тоа“, рече Де Лаурентис.
Но, претседателот на Наполи не кажа дека во договорот Мертенс имал опција за продолжување на уште една сезона за плата од 4,5 милиони евра годишно. Клубот одбива да ја активира таа опција и на играчот му нуди двојно помала плата.
Тоа е причината за несогласувањето меѓу Мертенс и Наполи.
Contestazione De Laurentiis oggi a Napoli. E su #Mertens: “Ha rifiutato 2,4 milioni. Vuole restare solo un anno” pic.twitter.com/7eKWp6qLiU
— Manuel Guardasole (@MGuardasole) July 21, 2022