170
Аталанта синоќа
соопшти дека ќе ја искористи опцијата во целост да го купи Мерих Демирал и во
касата на Јувентус ќе се слеат 20+8 милиони евра.
Па голем број на извори
пренесоа дека „старата дама“ ќе тргне по потписот на Калиду Кулибали, кој ова
лето ќе го напушти Наполи.
Но како што
пишува АС, Аурелио де Лаурентис не сака нов „случај Игуаин“ и на Јувентус му
поставува специјална цена.
Првиот човек на
Наполи бара помеѓу 35-40 милиони евра за услугите на дефанзивецот, но кога е во прашање Јувентус, „бјанконерите“ ќе треба да платат двојни повеќе за да го купат Сенегалецот.