Се најавуваше дека Антонио Конте ќе тргне по стапките на Лучијано Спалети и по освојувањето на скудетото со Наполи ќе замине од клубот.
Сепак, Аурелио Де Лаурентис и тренерот веројатно пронајдоа заеднички јазик да за продолжат понатаму. Конте е познат како тренер кој не трпи сопственици кои не му ги исполнуваат барањата, а Де Лаурентис е многу тврдоглав и тоа беше лоша комбинација. Поради тоа се сметаше дека разделбата е неизбежна, ама ситуацијата се смени.
Првиот човек на Наполи веројатно го убеди Конте со проектот, наводно има подготвени 150 милиони евра летен трансфер буџет, а веќе пред потпис е Кевин Де Брујне.
Инаку, ситуацијата на Антонио Конте будно ја следеа Јувентус и Милан кои сакаа да го искористат евентуалното заминување.