164
Шарл Де Кетеларе минатото лето беше најскапото засилување на Милан, но фудбалерот од средниот ред не се снајде на Сан Сиро и по само 12 месеци беше приморан да си најде нов клуб.
Овој месец се пресели во Аталанта на позајмица и веднаш успеа да го стори тоа што не можеше цела сезона во „црвено-црниот“ дрес.
Против Сасуоло, Шарл Де Кеталере го постигна својот прв гол во Серија А, по една нафрлена топка, тој одлично се снајде со глава и донесе водство за Аталанта од 0-1. И покрај тоа што голманот одбрани, топката веќе ја имаше поминато гол-линијата.