Манчестер јунајтед силно се поврзува со Де Јонг, а Тен Хаг веќе разговарал со него и го убедувал да се пресели на Олд Трафорд.
Но засега Де Јонг не размислува за заминување. По мечот меѓу Холандија и Полска тој беше забележан како разговара со Левандовски.
„Тој е неверојатен фудбалер, еден од најдобрите во светот. Се разбирам јас би сакал да го имам во мојот тим“, вели Де Јонг.
Веројатно Де Јонг мисли на Барселона, но постои и едно сценариот во кое тие двајца би можеле да играат заедно следната сезона, но во Манчестер јунајтед.
Во последно време има гласини дека и Јунајтед го сака Левандовски, а доколку успее да го добие и потписот на Де Јонг, овие двајца фудбалери би можеле да бидат заедно во Премиерлигата.