Де Јонг не сакаше да одговори дали имал контакт со Тен Хаг, но јасно кажа каде сака да игра

by
1 минути читање

Де Јонг и покрај тоа што е значаен дел од тимот на Барселона, се поврзува со заминување бидејќи е играч кој може скапо да биде продаден, а со тоа и да се ублажи финансиската криза на Каталонците.

Тој силно се поврзува со Манчестер јунајтед, но вели дека никој не го информирал за евентуално заминување.

„Сакам да останам во Барса. И претходно сум кажал, Барселона е клубот од моите соништа“, вели Де Јонг.

„Дали сум имал контакт со други клубови? Не сакам веќе да зборувам за шпекулации. Добро ми е во Барселона. Нема никаков договор со никој друг, ништо официјално“.

„Се разбира дека слушнав за поврзувањата со Манчестер јунајтед, но луѓето од Барселона не ми кажале ништо за такво нешто“.

„Па сигурен сум дека нема никаков договор, ништо за што треба да се грижам. Дали сум имал контакт со Тен Хаг? Нема да ви одговорам на тоа прашање“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×