530
Манчестер јунајтед поведе уште во четвртата минута кога Рашфорд асистираше до Ентони на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.
Брзо потоа Евертон имаше статива, а во 14. минута Коуди го искористи големиот кикс на Де Хеа и израмни на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.
По седум минути игра во второто полувреме, Коуди повторно погоди, овојпат во сопствената мрежа за водство на Манчестер јунајтед од 2-1.
Евертон даде и втор гол, но им беше поништен поради офсајд.
Длабоко во судиското продолжение Манчестер јунајтед доби пенал кој го реализираше Рашфорд за победа од 3-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.