Пред неколку
години, Жозе Мурињо рече дека кога голманот е избран за играч на сезоната, тоа
е јасен знак дека нешто не е како што треба во клубот.
Давид Де Хеа во
разговор со Телеграф сега вели дека се сложува со констатацијата на
„специјалниот“. Шпанецот беше прогласен за најдобар играч на „ѓаволите“ во 2021/22,
сезона во која Манчестер јунајтед заостануваше дури 35 бода зад шампионот
Манчестер Сити и 13 бода во однос на Тотнем и местата кои водеа во Лигата на шампиони.
„Да, целосно се
сложува со Мурињо“ – вели Де Хеа. „Лично за мене наградата е убаво
признание. Но целосно се сложувам со она што го кажа Жозе. Наградата мора да ја
добие фудбалер од средниот ред или напаѓач. Оваа сезона сигурно некој друг ќе
биде прогласен за играч на сезоната“.