Де Хеа е во напредни преговори за трансфер во Реал Мадрид!

by
2 минути читање

Давид де Хеа беше најлогично решение за голман на Реал Мадрид по повредата на Куртоа, а се чини дека исто размислува и раководството на клубот.

Според „Токспорт“, Реал Мадрид веднаш го контактирале Де Хеа и почнале преговори со шпанскиот голман кои се одвиваат одлично и се претпоставува дека ќе завршат позитивно.

Де Хеа 12 години беше голман на Манчестер јунајтед, а пред осум години сонуваше за трансфер во Реал Мадрид, но остана на Олд Трафорд откако зделката не се реализираше поради проблем на факс машината, документите не стигнаа на време.

Судбината сепак сакаше сонот на Де Хеа да се оствари и тој да стане голман на Реал Мадрид.

Предноста на Де Хеа е што тој е Шпанец и во моментов е слободен агент, па Реал Мадрид не треба да плаќа обесштетување за да го донесе.

@2024 – Сите права задржани