71
Агентот на Де Брујне, Патрик де Костер беше уапсен при крајот на август поради сомневање за перење пари. Тој помина неколку недели во притвор во Белгија, па беше пуштен во домашен притвор, против него се води постапка.
Оттогаш Де Брујне е без агент и сам си ги брка работите, вели дека не му е тешко да преговара за нов договор.
„Среќен сум во Манчестер. Во добар клуб сум со добри сопственици. Во преговори сме за продолжување на соработката. Во моментов преговарам сам. Кога сакаш да останеш, тогаш не е тешко“, вели Де Брујне.