Де Брујне откако го израмни рекордот на Анри: Премиерлигата ми украде две асистенции, ќе бев сам на врвот

by
1 минути читање

Де Брујне постигна два гола против Норич во победата од 5-0, но уште поважно за него е што имаше една асистенција со која дојде до бројката од 20 и го изедначи рекордот на Анри за најмногу асистенции во една сезона во Премиерлигата.

Но тој смета дека има две асистенции повеќе, тие се на мечот против Арсенал кога Сити победи со 3-0, а не му се броени бидејќи на патот до стрелецот допреа и противнички фудбалери.

„Имав две асистенции повеќе. Но Премиерлигата ми ги зема. Јас си ги бројам и според мене веќе го имав поминато Анри“, вели Де Брујне.

„Но, убаво е да се дојде до овој рекорд, да се биде заедно со Анри“.

„Јасно ми е дека со асистенциите сум му потребен на тимот, можам да креирам шанси, но ако тие не постигнат гол јас не добивам ништо“.

„Мојата улога е да креирам шанси колку што можам повеќе и да му помогнам на тимот пред голот, и потоа се надевам дека тие ќе реализираат. Тие го направија тоа многу пати, па благодарен сум за тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×