Де Брујн призна: Изненаден бев од одлуката на Манчестер сити

by Стефан
1 минути читање

Кевин Де Брујн ќе го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната, а сега призна дека заминувањето не е по негова желба, туку е одлука на клубот.

Брилијантниот белгиски плејмејкер пристигна во Сити уште во 2015 година од Волфсбург, а сега, по истекот на договорот во јуни, ќе си замине како слободен агент.

„Не добив понуда од Сити, немаше разговори за нов договор последните 12 месеци. Јасно е дека клубот ја донел таа одлука и јас морав да ја прифатам“, изјави Де Брујн за медиумите, додавајќи:

„Изненаден сум, затоа што верувам дека сè уште можам да играм на врвно ниво. Не сум веќе на 25 години, но точно знам што ми е работата на теренот. Сити така одлучи.“

Белгиецот зад себе остава импресивна листа на трофеи со „граѓаните“ – шест титули од Премиер лигата, како и трофеј од Лига на шампиони освоена во 2023 година.

Следната дестинација на Белгиецот засега е неизвесна, но шпекулациите го поврзуваат со трансфер во МЛС или во богатата Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани