Кевин Де Брујн ќе го напушти Манчестер сити и тоа е потврдено од претходн, а според последните информации од Италија негова следна дестинација ќе биде Наполи.
Наводно, договорот е практично завршен, и покрај обидите на Јувентус да го спречи трансферот, Наполи е одлучен во намерата да го доведе и многу веројатно ќе успее, барем така изгледа засега.
Понудата на Наполи гласи: тригодишен договор, со нето-плата од 10 милиони евра по сезона во првите две години, додека третата би била опционална со нешто пониски примања. Се чека само последното „да“ од Де Брујн, кој најави дека одлуката ќе ја донесе по констулација со своето семејство.
Иако има финансиски поатрактивна понуда од САД, Чикаго од МЛС подготвен е да го направи трет најплатен играч во лигата по Меси и Бекам, спортските амбиции на Де Брујн, како што изгледа, ќе бидат одлучувачки фактор.
Во Неапол владее еуфорија, Наполи го дели само една победа од освојување на Скудетото, а потписот на Де Брујн би можел да биде дополнителна причина за славје.