Давид Силва по три години ја прекина пензијата и потпиша за нов клуб

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот шпански фудбалер Давид Силва реши да се врати на терените по три години пауза и повторно да заигра професионален фудбал.

Четириесетгодишниот Силва денеска беше промовиран како ново засилување на Суприм Шатин од Хонг Конг, клуб кој се натпреварува во највисокото ниво на тамошниот фудбал.

Двете страни не открија детали за должината на договорот, но од клубот потврдија дека соработката ќе биде краткорочна. Дебито на искусниот фудбалер се очекува следниот месец.

Со неговото доаѓање, Силва ќе биде најзвучното фудбалско име кое настапува во Хонг Конг по Диего Форлан, кој во 2018 година го носеше дресот на Кичи.

Силва последен пат играше за Реал Сосиедад, а во богатата кариера настапуваше и за Манчестер Сити, Валенсија, Селта и Еибар. Сепак, најголем печат остави во Манчестер Сити, каде што одигра 436 натпревари, постигна 77 гола и запиша дури 136 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×