Во Италија
известуваат дека во Лацио постои огромен револт кон Давид Силва, откако 34
годишниот Шпанец го оставил на цедило веќе „договорениот“ нов клуб по
заминувањето од Манчестер Сити.
Претходната
седмица се’ беше договорено
за трансфер на Силва во Лацио, каде требаше да потпише тригодишен договор со
италијанскиот прволигаш во кој ќе заработуваше четири милиони евра по сезона, а
договорен бил дури и приватен лет, како и возач за потоа.
Како и да е, „Скај
Спорт Италија“ наведе дека Шпанецот не го ни известил Лацио дека ќе потпише за
Реал Сосиедад, нешто што се случи веднаш потоа, а од италијанскиот прволигаш
дознале за таа вест по соопштението за јавноста откако се официјализира тој
трансфер.
Давид Силва не ни
одговарал на повиците од директорите на Лацио, а се верува дека од таму добил и
ултиматум конечната одлука да ја донесе токму денеска, за вчера Реал Сосиедад
да го потврди засилувањето.
По десет години,
Силва го напушти Манчестер Сити, каде остави голем белег, а ланската сезона ја
одбележа со 27 настапи, на кои запиша шест погодоци, како и десет асистенции.