76
Официјалното објаснување од Пеп Гвардиола беше дека Давид Силва поради лични причини не е во составот.
Сега, Давид Силва откри дека неговата сопруга се породила многу порано од очекуваното и неговиот син се бори за живот.
„Сакам да ви заблагодарам на сите за љубовта и добрите желби кои ги примив во изминатите неколку недели, посебно благодарам за моите соиграчи, за тренерот и сите во клубот за разбирањето на мојата ситуација.
Исто така сакам да споделам со вас дека мојот син Матео се роди прерано и се бори за својот живот од ден на ден заедно со помошта на медицинскиот тим“.