Давид Луиз се појави драстично променет имиџ – ја нема повеќе долгата коса! (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Поранешниот бразилски репрезентативец и славен дефанзивец, Дaвид Луиз, и на 37-годишна возраст не кажува збогум на фудбалот. Тој моментално настапува за бразилската Форталеза, а овие денови повторно е во фокусот на јавноста – но не поради потег на теренот, туку поради драстична промена на својот изглед.

Играчот кој долги години беше препознатлив по својата бујна и кадрава коса, сега ги шокираше фудбалските фанови со сосема нов имиџ.. Фотографиите од новиот изглед на Луиз се споделуваат на социјалните мрежи, а реакциите не стивнуваат. Веста ја објави и реномираниот новинар Фабрицио Романо.

Дaвид Луиз е роден во 1987 година и ја започна својата професионална кариера во Виторија. Афирмацијата ја стекна во португалска Бенфика, каде што помина пет сезони и стана клучен играч на тимот. Во 2011 година направи голем трансфер во Челси, каде освои Лига на шампиони и ФА Купот, а потоа во 2014 замина во Пари Сен Жермен за тогаш рекордни 50 милиони евра за еден дефанзивец.

Со ПСЖ освои неколку домашни титули, а во 2016 се врати во Челси, со кого повторно го освои англиското првенство и Лига Европа. Во 2019 се пресели во Арсенал, со кого го подигна ФА Купот, а подоцна настапуваше и за Фламенго во родниот Бразил.

За бразилската репрезентација играше од 2010 до 2017 година, настапувајќи на четири големи турнири и освојувајќи го Купот на конфедерации во 2013. Во 57 настапи за „Селесао“, постигна три гола.

Неговиот нов изглед, заедно со враќањето на бразилските терени, дефинитивно ќе биде во центарот на вниманието и во наредниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани