Микел Артета оваа
недела рече дека Давид Луиз бил клучен играч, пример за другите па сака
дефанзивецот да стави потпис на нов договор. Навивачите на Арсенал се чудеа на изјавата,
а коментарите на тренерот вечерва му се удрија од глава.
Бразилецот влезе од
клупата за резерви по повредата на Пабло Мори и кумуваше за победата на
Манчестер Сити од 3-0.
Во последните
секунди од првиот дел, Давид Луиз погрешно процени едно додавање и му подари
гол на Стерлинг за 1-0. На стартот од вториот дел, дефанзивецот го собори Марез
во шеснаесетникот а судијата покажа на белата точка и извади црвен картон. „Топчиите“ останаа со играч помалку а Де Брујне донесе
2-0.
Во финишот од мечот, силите на теренот
беа изедначени откако Гарсија заработи тешка повреда, но и покрај тоа, Сити
продолжи да притиска и преку Фоден стигна до 3-0.