Давид Луиз е „мамецот“ за потписот на Тијаго Силва?

by
1 минути читање

Многумина се
зачудија на одлуката на Арсенал да го задржи Давид Луиз во сопствените редови,
иако договорот на искусниот бразилски стопер истекуваше ова лето, меѓутоа се
чини дека постои добра причина за таквата одлука.

Се верува дека
Арсенал веќе го регрутирал Луиз да почне да го убедува својот сонародник и
пријател од мали нозе, Тијаго Силва да им се приклучи на „Топчиите“ уште ова
лето.

35 годишниот
Силва веќе најави дека ќе си замине од редовите на францускиот првак по крајот
на овосезонската Лига на шампиони, неговиот договор истекува во август, а во
ПСЖ мина цели осум години.

Дополнително, „Ле10Спорт“додава
дека и самиот шеф на стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета лично разговарал
со Силва за да го убедува да се приклучи на неговиот тим.

Претходно, „Телеграф“
извести дека Силва очајно посакува да се пресели во Премиерлигата, а воедно и
се согласува на многу пониска плата за тоа се оствари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×